понеделник, 29. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Груби нека собере храброст и нека каже дека одбива да има намалување на бројот на пратеници

ВМРО-ДПМНЕ: Груби нека собере храброст и нека каже дека одбива да има намалување на бројот на пратеници

Вицепремиерот Артан Груби треба сериозно да се ја сфати позицијата платена од граѓаните, и да разбере дека овде не се работи за пазарење, ниту пак за надавање како што е навикнат на принципите по кој се раководи коалицијата на СДСМ-ДУИ, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Наместо да се обидува да прави пазар, Груби нека собере храброст и нека каже дека одбива да има намалување на бројот на пратеници и дека не е за заштедување на парите на граѓаните. Тоа дека е против една изборна единица Груби треба да им го каже и на партиите ДОМ, ЛДП и ДС кои барем декларативно се залагаат за една изборна единица. Секогаш кога треба да се прави гимнастика и да се прави политичко харикири очигледно задолжен е Артан Груби, се наведува во реакцијата на партијата.

Инаку, првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби коментирајќи го барањето на опозицијата за намалување на бројот на пратеници и една изборна единица истакна дека измените на Изборниот законик и измените на Уставот мора да се направат со консензус и овие предлози да се стават на маса на политичките партии, а не во медиуми ако сакаме да бидат успешни.

– Ме радува фактот што опозицијата или најголемата опозициска партија е подготвена за отворање на Уставот, во тој случај имаме ние и други теми кои треба да се вклучат во овие уставни измени, како што е спорот со Бугарија или вклучувањето на бугарската, хрватската, црногорската заедница и укинување на ограничувањето од 20 проценти за употреба на албанскиот јазик. Отворени сме за таа идеја и да ја збогатиме со други дополнителни идеи за да ги заокружиме сите отворени прашања, рече Груби во рамки на посетата на О.У. „Исмаил Ќемали“ во Општина Чаир.

Најнови вести