сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Невреме во Полска и Чешка: Едно лице загина, стотици илјади домаќинства без струја

Невреме во Полска и Чешка: Едно лице загина, стотици илјади домаќинства без струја

Во невремето со урагански ветрови што ги погоди Полска и Чешка во саботата вечерта, загина еден Полјак, а стотици илјади во Полска и десетици илјади домаќинства во Чешка се без струја.

Во Тлучево во близина на пристаништето Гдиња на Балтикот во северна Полска, едно лице загина кога врз автомобил паднало дрво, соопшти локалната противпожарна бригада.

– До 6 часот утринава, пожарникарите излегоа на лице место повеќе од 4.000 пати за да ги поправат штетите од ураганските ветрови, од кои 1.600 интервенции биле во саботата. Повеќето извештаи дојдоа од северните војводства на Балтикот и централниот дел на Голема Полска, изјави портпаролот на главниот командант на противпожарната бригада Карол Ќезковски.

Стотици илјади домаќинства во Полска се без струја поради прекини на струја поради силните ветрови, најмногу во Западна Померанија на северот на Полска, каде, според Центарот за безбедност при полската влада, 110.000 домаќинства немаат струја.

Полскиот хидрометеоролошки институт предвидува дека ветерот со налети од 120 до 130 километри на час ќе им го влоши животот на Полјаците и ќе го отежне сообраќајот и денес.

Силен ветер има и во соседна Чешка, но само на врвот Сњежак во синџирот Крконоше на северозапад од Чешка достигнува брзина од 188 километри на час. 31.000 домаќинства во Чешка се без струја поради прекини на електрична енергија. Поради паѓање дрвја и гранки на шините, Чешката железница го прекина сообраќајот на неколку локални линии.