сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Од понеделник во Србија основците и средношколците ќе продолжат со комбинирана настава

Од понеделник во Србија основците и средношколците ќе продолжат со комбинирана настава

Тимот за училишта одлучи од понеделник, 31 јануари, учениците од прво до четврто одделение во основните училишта директно да следат настава.

Повозрасните основци наставата ќе ја следат по комбиниран модел поделени во две групи. И наставата за средношколците ќе се одвива по комбиниран модел, соопшти Министерството за образование, наука и технолошки развој.

Од почетокот на второто полугодие, истиот модел на настава се одвива во централна Србија, додека во Војводина сите основци посетуваат настава во живо, пишува Б92.