среда, 3. април 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Обамејанг пристигна во Барса, ама позајмицата може да не се реализира

Обамејанг пристигна во Барса, ама позајмицата може да не се реализира

Напаѓачот на Габон, Пјер-Емерик Обамејанг веќе пристигна во Барселона, информираат новинарите Жерар Ромеро и Фабрицио Романо. Како што се наведува, каталонскиот клуб со Арсенал договорија позајмица до крајот на сезоната, а и самиот фудбалер ја прифатил понудата која што му ја достави раководството на шпанскиот великан.

Но, се шпекулира дека оваа зделка може многу лесно да пропадне, во случај Осман Дембеле да не пронајде нов клуб од крајот на денот. Наводно, Барселона моментално не е во можност да регистрира нов фудбалер, па затоа чека на разврска со ситуацијата со францускиот напаѓач.

Доколку Дембеле прифати некоја од понудите кои што ги има на маса, тогаш Барса ќе добие „зелено-светло“ да го регистрира искусниот Габонец.

Инаку, Обамејанг ја загуби довербата кај менаџерот на Арсенал, Микел Артета. Најпрво му беше одземена капитенската лента, а потоа и исфрлен од првиот тим.