недела, 24. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

НОВА МИСТЕРИЈА: Мапата на Маја открива детали за исчезнувањето на Матеј

НОВА МИСТЕРИЈА: Мапата на Маја открива детали за исчезнувањето на Матеј

Маја С. од Сплит, за која се верува дека е последната личност со која Матеј Периш се обидел да стапи во контакт непосредно пред да истрча од клубот „Готик“ и да исчезне без трага, предизвика големо внимание во јавноста во целиот регион.

Граѓаните кои во различни групи на социјалните мрежи го анализираат секој детаљ од овој случај, сметаат дека има низа нелогичности во начинот на кој Маја ги опишуваше настаните од таа вечер и се прашуваат како е можно да се совпаѓа мистериозната мапа најдена во нејзиниот телефон со рутата што ја истрча Матеј ноќта кога исчезна.

Иако се шпекулираше дека Матеј отишол да ја бара Маја кобната вечер, таа негираше дека ноќта имала контакт со него и потврди дека тој ја барал, но таа не се јавила.

Но, додека даваше изјава за телевизија каде го покажуваше и телефонот, многумина забележаа мапи кои се појавија во позадина, на кои е прикажан просторот околу клубот „Готик“ од кој мистериозно истрча Хрватот.

Хрватскиот портал Империјал објаснува дека излегле слики од мапа на дел од Белград и карта на местото каде што Матеј бил ноќта пред исчезнувањето. На сликата се гледа обележаната рута од клубот „Готик“, а понатаму по улицата каде Матеј истрча кон ресторанот „Саванова“.

Додека едни се сомневаа дека Маја не е целосно искрена и дека тие мапи ги направила порано и ги испратила на Матеј, други не ја исклучија можноста таа да ги направи подоцна за да ја утврди непозната причина зошто Периш тргнал по тој пат.

Во секој случај, многумина се прашуваа зошто таа ги поседува овие слики со рутата на движење на Матеј во кобната ноќ, па посочија дека овој детаљ и снимките треба да се пријават во полиција бидејќи се сомневаат дека некој нешто крие.