На кафето треба да му претходи поадокот.
Кафето пред првиот оброк лошо влијае на нашето здравје. Тоа не се однесува само на ”кофеинскиот шок“ ако се претера со овој популарен пијалок.
Истражувањата покажуваат на штетното влијание на овој пијалок, ако го пиете на празен стомак. Кофеинот ги зголемува нивоата на хлороводородна киселина во нашиот стомак и дигестивниот тракт.
Ако повремено пиете кафе на празен стомак, оваа навика не мора да биде штетна. Меѓутоа, ако се продолжи со оваа практика, ризикувате голем број на болести како што се чир на желудник, иритација на цревата, а во најлош случај карцином на еден од органите за варење.
Исто така, на никој не му треба металоиди, грчеви и гас за време на важен деловен состанок или романтична средба во раните попладневни часови. За жал, и ова се некои од несаканите ефекти од конзумирање кафе без соодветен оброк.
Затоа ве советуваме денот да го започнете со сендвич или овошје. Ако немате време за тоа, додадете малку млеко или путер во кафето, вашиот стомак ќе ви биде благодарен.