сабота, 23. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски на средба со специјалниот претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Стјуарт Пич

Мицкоски на средба со специјалниот претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Стјуарт Пич

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателите Александар Николоски и Владо Мисајловски, членот на ИК Драган Ковачки и секретарот за меѓународна соработка Стефан Андоновски, оствари средба со специјалниот претставник на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска за Балканот, Сер Стјуарт Пич.

„На средбата беше разговарано за актуелната политичка ситуација во земјава, а од страна на претседателот Мицкоски беше истакната потребата од предвремени избори кои ќе значат разрешување на кризата во која оваа власт ја втурна државата, беше потенцирано дека поддршката на народот е свртена кон ВМРО-ДПМНЕ, што се виде и по резултатот на локалните избори. Предвремените избори ќе ја отсликаат волјата на народот во парламентот и ќе бидат мотор за промените и закрепнување на државата.

Беше разговарано и за преговорите со Бугарија кои ги води владата, при што од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше истакнато дека власта треба да ја почитува Резолуцијата донесена во собранието, а која значи зачувување на македонските идентитетски обележја и клучните национални интереси.

На взаемно расположение беа констатирани добрите односи кои ги имаат двете држави, а од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше кажано дека нашата земја во Велика Британија гледа силен поддржувач, и ќе работи и во иднина, односите меѓу двете држави да зајакнуваат, а по доаѓањето на власт, да дојде и до поголема соработка во сите клучни области“ – информираат од партијата.

Најнови вести