Полициски службеници од ПС Ѓорче Петров попладнево (1февруари) го лишиле од слобода 18-годишниот М.К. од скопско Сарај-Рашче, осомничен и кривично пријавен дека заедно со А.Д.(54) од скопско Арачиново, на 29 јануари 2022 година на повеќе места во Тетово извршиле обљуба на малолетничка од Тетово.
Тој ќе биде спроведен во КПУ Затвор “Скопје” на издржување 30-дневен притвор, кој денеска нему и на А.Д.им го определил судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.