Пејачката на „Ѕвездите на гранд“ Тамара Селимовиќ која е во врска со колегата Емир Хабибовиќ кој е 15 години постар од неа го чекаат своето прво дете.
Во меѓувреме парот го откри и полот на бебето.
View this post on Instagram
Пејачот сето тоа го објави на неговиот Инстаграм профил откривајќи дека чекаат девојче.
-Девојче, ти благодарам Боже, напиша Емир објавувајќи фотографија од ултразвукот.
Тамара инаку неодамна откако беше откриено дека е во врска со 15 години постариот колега беше напаѓана од сите страна, па се огласи велејќи дека максималната старост на партнерите до 10-15 години е нормално.
-Во ред е кога двајца луѓе ќе ја почувствуваат енергијата и сите работи ќе им се поклопат, сепак ние не сме разлика 20,30 години, туку само 15, изјави таа.