четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Трагедија во Конго: Најмалку 25 лица загинаа откако пукна високонапонски кабел за струја

Трагедија во Конго: Најмалку 25 лица загинаа откако пукна високонапонски кабел за струја

Најмалку 25 луѓе загинаа денеска кога високонапонски кабел за струја пукна и падна врз куќи и пазар во предградие на Киншаса, главниот град на Конго, соопшти полицијата.

-Електричен кабел со висок напон падна врз неколку куќи во областа Матади-Кибала и врз пазарот, а неколку луѓе загинаа на самото место, изјави началникот на полицијата во Киншаса, Силвано Касонго, пренесува Би-Би-Си.

На видеата кои кружат на интернет, луѓето плачат покрај неколку тела во баричките со вода во кои паднале, опкружени со расфрлани свежи производи.