четврток, 7. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

На скопскиот аеродром запленета над еден тон материја за производство на дрога вредна над 50 милиони евра

На скопскиот аеродром запленета над еден тон материја за производство на дрога вредна над 50 милиони евра

Над еден тон материја за производство на амфетамин, вреден над 50 милиони евра, наменет за земји од Европската Унија се запленети на скопскиот Аеродром.

Во акцијата на полицијата е разбиена организирана криминална група и запленети над еден тон прекурзор од кој требало да биде произведен амфетамин. Пратката тргнала од Кина, додека, крајна дестинација била земја од ЕУ.

Од Министерството за внатрешни ја потврдија акцијата и најавија детали во текот на денот.