На 05/06.02.22 во периодот од 20.00 до 02.00 часот полициски службеници од СВР Битола на подрачјето на СВР Битола спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. За време на контролата констатирани и законски санкционирани се 29 прекршоци.
Притоа, најголемиот број од нив се на подрачјето на Битола – 13, на подрачјето на Прилеп-5, на подрачјето на Ресен – 4… За време на контролата биле санкционирани и 29 други видови прекршоци.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.