четврток, 8. февруари 2024. Вести денес: 0
home Ракомет

Деби победа на Дејвис на клупата на РК Вардар

Деби победа на Дејвис на клупата на РК Вардар

Македонскиот ракометен шампион Вардар ја оправда улогата апсолутен фаворит во домашното првенство против Пролет, славејќи победа од 34:22.

Пролет одлично парираше во првиот дел и имаше резутлатска неизвесност до 20-та минута кога беше 11:10, но Вардар на пауза замина со плус три (15:12) и го започна својот победнички од на донашен терен.

Дејвис ја запиша првата победа како тренер на Вардар, а на денешниот натпревар им даде шанса на дури 13 ракометари, со што потврди дека се уште го испитува ростерот со кој располага.

Моралес со пет погодоци беше најефикасен во победничкиот тим, додека Гаџа, Дибиров и Ѓукиќ постигнаа по четири погодоци. На спротивната страна, по пет гола постигаа Аларов, Џонов и Голубовиќ.