вторник, 16. април 2024. Вести денес: 0
home Вести

УХМР најавува: Врнежи од дожд, снег и силен ветер

УХМР најавува: Врнежи од дожд, снег и силен ветер

Под влијание на влажен бран денеска попладне ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег. Кон крајот на денот и во текот на ноќта врнежите ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места.

Пообилни врнежи ќе има во западните и северните делови, каде ќе се формира нова снежна покривка од 15 до 25 сантиметри, а помала снежна покривка ќе се формира и во останатите делови, освен во Повардарието каде врнежите ќе бидат претежно од дожд. Ќе дува засилен, повремено силен северен ветер (над 60км/час), информираат од УХМР.

Утре температурата ќе се намали, а претежно во планинските подрачја ќе провејува слаб снег.

Во следните денови времето ќе биде стабилно со пораст на дневната температура.

Најнови вести