петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Таткото на Матеј шокиран од новите информации од потрагата, ги искоментира шпекулациите за исчезнувањето и наркотиците

Таткото на Матеј шокиран од новите информации од потрагата, ги искоментира шпекулациите за исчезнувањето и наркотиците

Таткото на исчезнатиот Хрват, Матеј Периш останува во Белград.

– Добро го познавам Матеј и повторно тврдам дека никогаш не земал наркотици. Шокиран сум од информацијата која се појави во медиумите дека купиле “спид“ на пат кон Белград. Ако е тоа дознаено во истрагата, тогаш како се појавува месец и десет дена по неговото исчезнување?- ја започнува приказната Ненад Периш, таткото на исчезнатиот млад човек од Сплит.

Дел од медиумите пишуваа дека Матеј и до сега исчезнувал, но се враќал, а татко му сега ги искоментира и овие гласини.

-Никој никогаш не ми кажал дека Матеј може да исчезне на 15 часа. Па, претпоставувам дека како татко би морал да го знам тоа, претпоставувам дека некој би го барал. Мојот син имаше многу планови за иднината и сето ова ми изгледа неприфатливо, тврди Периш.

Тоа што таткото сака да го знае е кој дал информации на полицијата за наводното купување на дрога.

-Во Белград сум од првиот ден. Никој од неговите пријатели не ми спомна дека застанале да купат наркотици. Сето ова ми изгледа како филм, вели Периш.