Австрискиот алпски скијач Матијас Мајер го освои златото во супервелеслаломот на Олимписките игри во Пекинг. Тој рано утрово победи со време од 1 минута 19,94 секунди.
Американецот Рајан Кокрен-Сигл го зазеде второто место со само четири стотинки заостанување зад победникот.
Трет беше Норвежанецот Александар Килде, кој патеката ја мина за 0,42 секунди побавно од Мајер.
Мајер на Австрија и го донесе првиот златен медал на Олимпијадата во Пекинг.