сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

ЗОИ: Ледецка и Карл победници во женскиот и машкиот паралел велеслалом – сноубординг

ЗОИ: Ледецка и Карл победници во женскиот и машкиот паралел велеслалом – сноубординг

На Олимпијадата во Пекинг претпладнево завршија трките во женска и машка конкуренција во паралел слалом – сноубординг.

Кај сноубордерките златниот медал го освои Естер Ледецка од Чешка. Сребрениот медал е за Даниела Улбинг од Австрија, додека бронзата отиде кај Глорија Скотник од Словенија.

Ледецка на Чешка и го донесе првото злато на Игрите во Пекинг, воедно ова е прв медал за нејзината земја на ЗОИ 2022.

Во машка конкуренција победи Австриецот Банџамин Карл, втор беше Тим Мастнак од Словенија, трет Русинот Виктор Вилд. Мајер на Австрија и го донесе вториот златен медал на Олимписките игри во Пекинг.