На 07.02.2022 во 15.50 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Тошо Арсов“ во Штип, товарно возило „цитроен берлинго“, со штипски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(60) од Штип, удрило во пешакот П.М.(78) од Штип.
Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница во Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.