понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Еден од обвинетите во случајот за Села ослободен, еден обвинет пренесен во болница откако падна во несвест

Еден од обвинетите во случајот за Села ослободен, еден обвинет пренесен во болница откако падна во несвест

Еден од обвинетите за обид за убиство на Зијадин Села, Сашо Сенков е ослободен од обвинение. Обвинителот се откажа од обвинението за него и тоа како што кажа врз основа на анализа на доказите,посебно од ново откриената снимка од самиот напад и извлекувањето на Села, која беше прикажана на минатото рочиште.

Двајца обвинети добија преквалификација на обвиненијата, делото обид за убиство е заменето со насилство, станува збор за Стојан Павлевски- Кобра и Цане Георгиевски.

Обвинетиот Александар Јаневски- Тошта се онесвести, откако обвинителот истакна дека обвинението за него останува обид за убиство. Пред да се онесвести Тошта кажа дека го заштитувал Села, а му се суди за обид за убиство.

Тошта со Брза помош беше однесен во болница.

Најнови вести