Денеска (08.02.2022) во периодот од 11 до 16 часот полициски службеници на СВР Битола спровеле акциска контрола за откривање на прекршоци што ги прават пешаците, при што се санкционирани 41 пешак.
Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените акциски контроли во сообраќајот и во наредниот период и апелираат до возачите секогаш да им даваат првенство на пешаците, а пешаците, исто така, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.