Од ЈП Водовод и канализација известуваат дека на ден 10.02.2022г поради дефект на приклучна цевка ф-1“ на Димитар Благоев 25, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица и Ернест Телман. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:15 часот до завршување со санација на дефектот.
Поради изведување на водоводен приклучок ф-1“ на Борис Трајковски 1/19, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Борис Трајковски крак 1, 2 и 3, вклучително и складот на Макпетрол. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со активностите.