вторник, 16. април 2024. Вести денес: 0
home Регион

Почина Милан Влајчиќ, легендарниот српски новинар, писател и филмски критичар

Почина Милан Влајчиќ, легендарниот српски новинар, писател и филмски критичар

Легендарниот српски новинар, писател, литературен и филмски критичaр Милан Влајчиќ ненадејно почина синоќа во Белград.

Имаше 83 години и буквално до последниот ден пишуваше и објавуваше, на порталот и дневниот весник Нова, каде последните две години беше ангажиран како филмски и литературен критичар.

Од 1970 година како новинар и уредник на дневниот весник „Политика“ пишувал театарска, телевизиска и радио критика, а од 1985-2004 беше постојан филмски критичар на тој весник. Од 2004-2017 беше филмски критичар и културен коментатор за дневниот весник „Блиц“.

Тој е еден од основачите и првиот претседател на Судот на честа за новинарство во Независното здружение на новинарите на Србија (НУНС), член на Српското книжевно друштво (СКД) и на Српскиот ПЕН Центар, и на Меѓународното здружение на филмски критичари ФИПРЕСЦИ. Бил член на меѓународни жирија на филмски фестивали во Кан, Берлин, Венеција, Монтреал, Виена, Минхен, Краков и Монпелје, меѓу другите. Автор е на над 20 книги.