Лавчето кое со денови шеташе околу Будва денес е пронајдено.
Тоа е пронајдено во една стара куќа на патот кон населбата Крапина.
Животното е лоцирано откако два дена интензивно се трагаше по него, а во акцијата беше вклучена и Агенцијата за заштита на животните на Црна Гора, активисти, волонтери и биолози.
Активистот Александар Драгичевиќ, кој беше еден од луѓето кои помагаа за фаќање на лавчето рече дека во самото фаќање на животното учествувале шест лица.
-Немаше потреба да се користат седативи, лавчето е фатено во стара куќа над Будва. Во добра здравствена состојба е, но е многу уплашен, изморен и гладен, изјави Драгичевиќ за ТВ Прва.