сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

АМС пак ја “избриша” Фудбалската федерација во ваучер системот

АМС пак ја “избриша” Фудбалската федерација во ваучер системот

Агенцијата за Млади и Спорт денеска го објави списоко на федерации и клубови кои ќе добијат финансиска помош од државата преку ваучер-системот.

Како и во минатото, АМС повторно ја заборави Фудбалската Федерација на Македонија, продолжувајќи го конфликтот со „куќата на фудбалот“ без оглед на успесите на фудбалската репрезентација во изминатата година.

Од оние кои добија помош од државата, на врвот очекувано е Ракометната Федерација на Македонија со 15,8 милиони денари, пред Кошаркарската Федерација со 13,8 милиони и Одбојкарската Федерација со 11,8 милиони денари.