Италијанскииот фудбалски тим Милан е заинтересиран за напаѓачот на Барселона и холандски репрезентативец, Мемфис Депај.
Тој минатото лето пристигна на „Камп Ноу“ како слободен играч и одлично се вклопи во тимот додека го предводеше Роналд Куман.
Сепак, по доаѓањето на Чави Хернандез, Депај многу почесто е на клупата за резерви.
Каталонскиот клуб има големи финансиски проблеми, па не ја исклучува можноста да го продаде Холанѓанецот по само една сезона.