петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Тухел: Титулата е за Роман Абрамович

Тухел: Титулата е за Роман Абрамович

Челси за првпат во совјата клупска историја стана светски шампион и тоа се случи благодарение на Томас Тухел.

Откако го замени Френк Лампард, германскиот стрaтег го водеше Челси до големата титула во Лигата на шампионите, но, „лондонските сини“ покрај европски се и светски шампиони. Англискиот премиерлигаш во големото финале во Абу Даби го победи Палмеирас со 2:1 во судиските продолженија, во кои одново како херој се истакна Каи Хаверц со голот од пенал за 2:1.

Роман Абрамович како газда на Челси се израдува на титулата која му недостасуваше на англискиот клуб, а доста интересна за јавноста беше и конверзацијата која ја имаше со Тухел на теренот по големото славје на тимот.

– Ова е само за него, нема никаков сомнеж дека овој трофеј е најмногу за Абрамович. Се сретнавме кратко веднаш по крајот на финалето и си честитавме еден на друг. Му порачав: Ова е за тебе, ова е твој клуб и твојата страст и поственост направија ова да стане реалност. Среќен сум што сум дел од неговата приказна. Оваа титула посебно му ја посветувам на него, – изјави Тухел.