недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Државјанка на Куба нелегално престојувала во Македонија

Државјанка на Куба нелегално престојувала во Македонија

На 12.02.2022 во 19:45 часот на патот Р-1102 во близина на Неготино, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи – Југ ја привеле А.П.П.(27) од Р.Куба.

При вршење на контролна служба во автобус, со скопски регистарски ознаки, кој сообраќал Скопје-Гевгелија полициски службеници кај пријавената констатирале  дека во патната исправа и во службената евиденција е внесен печат за одбиен влез од државата, со што сторила прекршок по член 147 став 1 алинеја 1 од Закон за странци, односно незаконски престојувала во државата.

Од судијата при Основен суд Неготино е изречена глоба и на лицето му е изготвено Решение за враќање на странец, односно  напуштање на територијата на државата.