Утрово околу 7:30 часот во хрватската полиција било пријавено дека во стан во Сплит е пронајдено женско тело.
-Во станот со жената живеел и маж, пишува Вечерњи.хр.
На местото на настанот е извршен увид, а засега нема траги кои укажуваат на кривично дело, извести полицијата.
Телото е пренесено во болницата во Сплит за да се изврши обдукција која ќе ја утврди точната причина за смртта.