понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Цели 14 години собирал монети: Кога видел колку чинат денес се шокирал, а сумата ја потрошил на најдобар можен начин

Цели 14 години собирал монети: Кога видел колку чинат денес се шокирал, а сумата ја потрошил на најдобар можен начин

Ијан Ват за 14 години успеал да собере скоро еден милион монети.

70-годишниот пензиониран технолог од Велика Британија почнал од забава да бара и да собира монети од пет пени, но забавата набрзо прераснала во хоби.

Тој започнал во 2004 година, но хобито прераснало во нешто поголемо.

-Не може да се случи да не ги видам и никогаш не ги губам монетите. Неверојатно е колку монети собрав, дури и други започнаа да ги собираат за мене, изјавил Ват.

Заедно со своите пријатели кои му помагаат тој собрал точно 954 илјади изгубени монети во вкупна вредност од 47 илјади фунти (53.600 евра), а целата сума ја подарил на институцијата за палијативна нега во Дарем каде волонтира.