недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Бензема очигледно веќе знае дека Мбапе се сели во Реал Мадрид (ВИДЕО)

Бензема очигледно веќе знае дека Мбапе се сели во Реал Мадрид (ВИДЕО)

Постојано се зголемуваат шпекулациите дека Килијан Мбапе од следното лето ќе го облече дресот на Реал Мадрид, а Карим Бензема вечерва само ги разгоре надежите на навивачите на „кралевите“.

Голгетерот на прес-конференцијата пред утрешниот дуел помеѓу ПСЖ и Реал во Лигата на шампиони зборуваше и за својот репрезентативен колега. Според насмевката не неговото лице очигледно знае нешто повеќе околу иднината на Мбапе.

„Играњето против Килијан ќе биде нешто специјално, бидејќи играме заедно за националниот тим. Како што знаат сите можеби еден ден тој ќе дојде во Мадрид. Но, најважното е да го одиграме овој натпревар и да победиме“, рече Бензема.