ОВР Неготино, поднесе кривична пријава против С.П.(33) од Неготино, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
На 01.01.2022 од полициски службеници од ОВР Неготино, пријавениот не бил затекнат во својот дом иако имал Решение за самоизолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.