Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, ги известува граѓаните дека:
На ден 16.02.2022 година (среда), поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на Тетовска 33, од 09:00 часот до завршување со активностите, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: „Тетовска“, „Стив Наумов“, „Раде Јовчевски Корчагин“ и „Јосиф Јосифовски Свештарот“ како и објектите на амбулантата и полициската станица, во општина Центар.
Поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на „Мирче Мацан“ бб, од 09:00 часот до завршување со активностите, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица и потегот од ул. „Светозар Марковиќ’ до Кеј 13-ти Ноември ( Дрво Декор) во општина Центар.