понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Одлична партија на Е.Пелистер, но на крајот пораз од Ним

Одлична партија на Е.Пелистер, но на крајот пораз од Ним

Битолски Еурофарм Пелистер значително ослабен, со само 12 ракометари пружи одлична партија на францускиот тим Ним, но загуби со 23-25 и го забележа вториот пораз во Европкото натпреварување.

Тимот на Жељко Бабиќ водеше во добар дел од мечот, но слабата ротација си го створи своето, Ним ја оправда улогата на фаворит и дојде до планираната победа.

Пелистер неколкупати во првото полувреме водеше со два разлика, но Ним се врати и на паузата замина со предност од 13-12. Македонскиот тим го врати водството во вториот дел, но тоа не траеше долго, Французите повторно поведоа и го контролираа мечот до самиот крај.

Граџан со седум голови беше најдобар во составот на Еурофарм Пелистер, Табоада постигна пет, Секељ имаше осум одбрани. Во составот на Ним, Мохамед Хишам Санад постигна 10 голови.

Ова беше дуел на првата и втората екипа на табелата во групата Д и затоа двата бода се двојно позначајни за Ним, кој сега води со 11 бода, пред Еурофарм Пелистер со осум.