сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Дибала сепак ќе остане во Јувентус

Дибала сепак ќе остане во Јувентус

Паоло Дибала е пред останување во Торино. Според „Тутоспорт“ наскоро ќе бидат објавени деталите од новиот договор на офанзивецот, кој наводно веќе се согласил на новата соработка.

Исходот од преговорите со Јувентус, со нетрпение го чекаа од Манчестер Сити и од Интер. Меѓутоа Дибала ја отфрлил можноста да отиде во лутиот ривал на Јувентус во Милано, а исто така се чини залудни се надежите и на Сити.

И натаму трае сагата околу новиот договор на Дибала, за кој се шпекулира веќе долго време. Но, се чини дека многу брзо ќе биде официјализирано дека Дибала ќе остане дел од Јувентус и во следните четири години.