Јапонката Михо Такаги го освои златото во брзо лизгање на 1.000 метри на Олимписките игри во Пекинг.
Такаги постави нов олимписки рекорд – 1 минута и 13,19 секунди. Сребрениот медал го освои Холанѓанката Јута Лердам која беше 64 стотинки побавна зад победничката.
Третото место и бронзата ја освои Американката Британи Боу.
За Јапонија ова е трето злато на Игрите во Пекинг