четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Елмас и Наполи непоразени на „Камп Ноу“

Елмас и Наполи непоразени на „Камп Ноу“

Барселона и Наполи одиграа 1:1 на „Камп Ноу“ во првата пресметка во Лига Европа.

Во петтата минута Педри не ја искористи шансата за домашните, а Наполи возврати преку Осимхен 17 минути подоцна, кога неговиот удар го запре Тер Штеген.

Барселона имаше нова шанса преку Торес во 27. минута, тој не погоди, а тоа жестоко го казни Зиелински на другата страна за водство на италијанскиот тим.

Второто полувреме беше во корист на домашните. Во 57. минута Хуан Жесус играше со рака во својот шеснаесетник, две минути подоцна реагираше ВАР. Барселона доби пенал, а Торес погоди за, како што се испостави подоцна, конечниот резултат 1:1.

Колку што беше херој, толку е двојно повеќе Торес е трагичарот на Барселона вечерва. Во 88. минута не искористи уште една одлична прилика. Тој прими едно додавање во шеснаесетникот на Наполи, но шутираше високо над голот.

Слично нешто повтори истиот играч и во 92. минута, а меѓу тие две ситуации, две нови одлични прилики за Барселона пропуштија Луук де Јонг и Усман Дембеле.