Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски заедно со претседателот на Советот Дијана Илиевска утрово направија увид на градежните работи на изградбата на пешачката патека Виниче – Црешево.
За посетата, градоначалникот Стефковски на својата страна на фејсбук напиша:
-Заедно со претседателот на Советот Дијана Илиевска направивме увид на пешачката патека Виниче – Црешево. Патеката е во должина од околу 500 метри. Со оваа патека се зголемува безбедноста на пешаците, а особено на учениците кои побезбедно ќе се движат до основното училиште- напиша Стефковски.
Општина Гази Баба и во иднина ќе продолжи со изградбата на пешачки патеки со павер елементи и во останатите населени места.