петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Агуеро со Аргентина ќе патува на СП во Катар

Агуеро со Аргентина ќе патува на СП во Катар

Серхио Агуеро пред неколку месеци доживеа шок на фудбалскиот терени.По направените лекарски прегледи, беше констатирано дека Агуеро има срцеви проблеми и дека едноставно мора да престане со професионално играње фудбал.

Тоа беше голем шок за најдобриот голгетер во историјата на Манчестер сити и еден од најдобрите аргентински фудбалери на денешницата.

Агуеро беше еден од најзаслужните што Аргентина се пласираше на Светското првенство во Катар, но нема да може да биде во составот за Гаучосите кои ќе го бркаат златото. Сепак, Агуеро најверојатно ќе биде дел од аргентинската експедиција на планетарниот собир и тоа како дел од стручниот штаб.

„Одам на Светското првенство во Катар. Оваа недела ќе имам состанок, но сакам да бидам таму. Идеата е да бидам дел од стручниот штаб на Аргентина. Веќе разговарав со селекторот Скалони“, откри легендарниот фудбалер за аргентинското Радио 10.