Шпанската Барселона испрати конкретна понуда до дефанзивецот на Челси и репрезентативец на Шпанија, Цезар Аспиликуета.
Аспиликуета ја игра последната година од својот договор со „сините“ од Лонодн, па може да влезе во преговори со заинтересираните тимови за негов ангажман.
Барселона му понуди двегодишен договор на Аспиликуета кој може да се продолжи на уште една дополнителна сезона.
Преговорите меѓу двете страни започнале уште во декември, а од каталонскиот клуб се уште го чекале дефанзивецот да донесе конечна одлука.