На 18.02.2022, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот на И.Т.(35) во с.Вардино, општина Демир Хисар. При претресот била пронајдена и одземена ловечка пушка „црвена застава“ калибар 16 мм, која ја поседувал без дозвола.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 396 од Кривичниот законик.