четврток, 4. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Џонсон предупредува: Земјите од НАТО нема да попуштат пред руските закани

Џонсон предупредува: Земјите од НАТО нема да попуштат пред руските закани

Руските закани против Украина служат само за зајакнување на посветеноста на сојузниците во НАТО да бидат подготвени да се поддржуваат еден со друг, изјави британскиот премиер Борис Џонсон.

– Ако рускиот претседател Владимир Путин верува дека со овие дејствија може да го врати НАТО назад, ќе го открие спротивното, рече Џонсон на Минхенската безбедносна конференција, осврнувајќи се на загриженоста дека Русија се подготвува да ја нападне ја Украина, што Москва негира.

– Ова искуство, колку и да е страшно, може уште повеќе да придонесе за обединување на континентот, рече Џонсон, тврдејќи дека нападот врз Украина ќе резултира со остри санкции против Русија и уште поголема решеност на НАТО да го одбрани своето источно крило.

– Предзнаците се мрачни и затоа мора да застанеме цврсто заедно. Мораме да се челичиме за можноста од продолжена криза, нагласи британскиот премиер.