Во текот на вчерашната вечер (19/20.02.2022) во периодот од 22.00 до 05.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на СВР Битола, при што санкционирани се 65 возачи. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.
МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.