недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

„Од стомакот можам само стапалата да си ги видам“ – Милица Павловиќ драстично се здебели, а еве што и препорача нутриционистката

„Од стомакот можам само стапалата да си ги видам“ – Милица Павловиќ драстично се здебели, а еве што и препорача нутриционистката

Многумина ќе се согласат дека Милица Павловиќ има манекенска линија и дека воопшто нема потреба да држи диета. Сепак, пејачката не би се согласила со мнозинството бидејќи смета дека се здебелила во последниот месец.

Неодамна била на зимување со својата тетка, па малку се опуштила и се препуштила на слатките, поради што, како што вели, се здебелила неколку килограми.

– Се посветив и на семејството, тетките.Еден ден дојдов и и реков на тетка ми да ги спакува куферите и да одиме на планина. А ние под рака, прошетки, па седнуваме, па крофни, па варено вино, па ова, па она. Копнеев по тоа и ми беше убаво – вели пејачката за Гранд онлајн и додава дека толку се опуштила што не можела да го контролира зголемениот апетит. Таа го обвини келнерот дека е главниот виновник, кој постојано и носел слатки.

– Убаво земав јас 5, па се вратив по уште еден и тој тоа го виде и само дојде и ми стави уште колачи пред мене. Тетка ми, која патем е здравствена работничка, само ме гледа и ми вели „Милица, што ти е“, реков „Тетко, не знам што ми е, имам апетит, би јадела уште повеќе“ – вели Милица дека горко се кае поради тоа.

Сите нејзини објави од слатките верно ги следеше нејзината нутриционистка, која веднаш по враќањето во Белград ја ставила на диета.

– Вчера ми даде диета. Веднаш и реков „Сега ваква е ситуацијата, кога ќе погледнам надолу од стомак си ги гледам само стапалата“. Тоа е моменталната ситуација – истакнува таа.

Најнови вести