Лидерот на руската ракометна репрезентација, Сергеј Марк Косоротов, кој е член на полската Висла Плоцк, е на радарот на македонскиот шампион Вардар.
Според пишувањата на „Спортове Факти“, покрај Вардар, сериозен интерес за Косоротов има и од Веспрем и од Барселона,
Во полскиот шампионат досега, Косоротов има постигнато 80 погодоци, додека во Лигата на Европа на седум меча даде 42 гола. Русинот има договор на уште една сезона со Висла Плоцк, до летото 2023 година.