понеделник, 4. март 2024. Вести денес: 0
home Ракомет

Стефан Додиќ нов ракометар на РК Вардар 1961

Стефан Додиќ нов ракометар на РК Вардар 1961

Македонскиот ракометен шампион, Вардар 1961, доведе ново засилување, откако се договори со раководството на Охрид и во Скопје го врати младиот српски бек, Стефан Додиќ.

18-годишниот повремен репрезентативец на „орлите“, одново ќе настапува за тим од главниот град, откако претходно ги бранеше боите на Металург.

Вардар поради тенкиот ростер на позицијата среден бек беше приморан да бара нов организатор на играта, а Додиќ на располагање на Дејвис ќе му се стави веднаш и ќе има право на настап за клучниот дуел на вардарци во ЛШ против ППД Загреб. Натпреварот меѓу македонскиот и хрватскиот шампион на програмата е закажан за в среда со почеток до 20:45 часот во СЦ „Јане Сандански“.