Невремето што во изминатите денови ја зафати Германија предизвика штета од 1,6 милијарди евра, соопштија денеска осигурителните компании.
– Поаѓаме од тоа дека бурите Иленија и Зејнеп се меѓу оние бури кои историски направија најголема штета – изјави претставникот на осигурителната проценка на компанијата АОН од Хамбург, Јан-Оливер Тоферн, пренесе Хина.
На тоа треба да се додаде и Антонија, третото невреме кое ја помина Германија за само неколку дена, а кое утрово предизвика бројни доцнења во железничкиот сообраќај во североисточна Германија.
Последните три бури особено ја погодија централна и северна Германија.