Чурлинов во 74. минута ја затресе мрежата на противникот за да го запише неговиот втор гол сезонава за Шалке, па така доби место во екипата на колото, каде што друштво му прават уште тројца колеги од тимот.
Талентираниот македонски фудбалер сезонава игра на позајмица во Шалке од Штутгарт со кој има соработка до 2024 година, а покрај двата гола, Чурлинов запиша и една асистенција.