вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

САД денеска објавуваат нови санкции против Русија

САД денеска објавуваат нови санкции против Русија

САД денеска ќе објават нови санкции против Русија како одговор на одлуката на Москва да ги признае самопрогласените републики во источна Украина и таму да испрати „мировници”, соопшти Белата куќа.

„Планираме да објавиме нови санкции против Русија во вторник како одговор на одлуките и активностите на Москва”, изјави портпарол на Белата куќа. Тој додаде дека САД се координираат со сојузниците и партнерите во врска со тој чекор.

Претседателот на Русија, Владимир Путин, вчера потпиша указ за признавање на самопрогласените Луганска Народна Република и Доњецка Народна Република. зш/