понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Уапсен дилер од тетовско Шемшово за доиздржување на затворска казна од 14 месеци

Уапсен дилер од тетовско Шемшово за доиздржување на затворска казна од 14 месеци

Денеска (22.02.2022) околу 11.20 часот во тетовско Непроштено, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 35-годишниот А.А. од тетовско Шемшово за доиздржување на затворска казна од 14 месеци, инаку осуден за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, казниво по член 215 од Кривичниот законик.

По приведувањето, А.А. бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“ во Скопје.