четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Стојкоски: Ќе се реконструира кровот на фискултурната сала на ООУ „Страшо Пинџур“ во Даме Груев

Стојкоски: Ќе се реконструира кровот на фискултурната сала на ООУ „Страшо Пинџур“ во Даме Груев

Ќе се реконструира кровната конструкција на дел од ООУ „Страшо Пинџур“ во Даме Груев, поточно на фискултурната сала. Правиме максимални напори да обезбедиме соодветни услови за квалитетно образование на нашите најмлади жители. Иднината е во децата, а образованието е многу значаен сегмент од животниот процес, најави градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

-По тој повод, денеска потпишавме Меморандум за соработка меѓу МЦГО – Македонски центар за граѓанско образование / MCEC , проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, општина Ѓорче Петров и ООУ „Страшо Пинџур“, истакна тој.

Во рамки на реализација на проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието (компонента 3), локалната заедница за овој проект партиципира со средства од минимум 25 отсто, а вкупната инвестиција чини 1.200.000 денари.